Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Пет охридски боксери денеска ќе ги бранат боите на клубот „Алексо Огненовски“ на турнирот „Јордан Мијалков“ во Штип

Штип/Охрид, 25. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Штип денеска ќе биде домаќин на III Меморијален боксерски турнир „Јордан Мијалков“.

Боите на клубот „Алексо Огненовски“ ќе ги бранат Наум Стојаноски (67 кг), Христијан Стојаноски (46 кг), Димитар Ѓорески (63 кг), Енис Алиу (71 кг) и Михаил Абрамоски (40 кг).

Борбите ќе започнат во 17:00 часот во Спортскиот центар „Џексон“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука