Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР: Во Охрид денес променливо облачно време со услови за локален дожд и температура до 21. степени

Охрид, 26. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално и со услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 21. степени.

– Во следните денови ќе има честа појава на пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука