Забава Избор

SUPER Fresh Music: Drake – Push Ups

Охрид, 27. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Еден од комерцијално најуспешните рапери на денешницата, Drake го претстави синглот „Push Ups“ во кој им се спротивставува на колегите од музичката индустрија и ги истакнува своите достигнувања.

– Хип-хопот е натпреварувачки спорт, а Drake доаѓа, објави тој на Spotify неколку дена пред официјалното објавување на „Push Ups“, која претходно се појави на социјалните мрежи во недовршена верзија.

Песната е прв сингл по студискиот албум „For All The Dogs“, кој уметникот го круниса со реиздание на крајот на минатата година.

Како еден од најпочитуваните рапери на глобално ниво, Drake потпишува хитови со милијарди слушања на музичките платформи и дури пет Grammy награди. Од 2006 година објави девет студиски албуми, од кои еден е соработка со раперот 21 Savage, како и неколку EP изданија и компилации.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука