Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Забележителен успех за охридските таеквондисти од клубот „Хваранг Фист“ на турнирот „Корио Опен“

Охрид, 27. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Вчера во Скопје се одржа Меѓународен турнир во Олимиско Таеквондо – „Корио Опен“, под покровителство на Македонската Теквондо федерација и ТК „Корио“.

Учествуваа 300 натпреварувачи од 5 земји од регионов, а боите на Охрид и клубот „Хваранг Фист“ ги бранеа седум натпреварувачи кои постигнаа забележителен успех.

– Четворица наши членови – дебитанти Ева Милошеска, Илијан Томаноски, Ристе Ѓелески и Љубица Митреска, се закитија со бронзени медали, губејќи во полуфиналните борби, додека нашите искусни борци Ненад и Емилија Целеска, како и Петар Петкоски ги освоија првите места во своите категории, и покажаа зошто се во самиот врвот на македонското олимписко таеквондо. Заедно со нашите борци настапија и 21 натпреварувач од подружницата на клубот – ТК „Сила“ од Скопје, кои освоија 6 златни, 5 сребрени и 10 бронзени медали, со што екипно го освоивме 4-то место од вкупно 16 клубови, информираат од „Хваранг Фист“, од каде испраќаат благодарност до сите поддржувачи и родители кои несебично им помагаат.

Следна дестинација за охридските спортисти е Улцињ, Црна Гора, каде во недела, на 2-ри јуни 2024 година на турнирот „Улцињ Трофеј“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука