Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Казни за 9 мотоциклисти од Охрид кои управувале мотоцикл без заштитна кацига

Охрид, 27. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 26-ти мај 2024 година, во периодот од 15:00 до 21:00 часот на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли.

– Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 14 мотоциклисти, кои управувале мотоцикли без заштитна кацига, од кои 9 во Охрид, 1 во Струга, 3 во Кичево и 1 во Дебар. Возачите на мотори и моторцикли, заради личната и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, доследно да се придржуваат до законската обврска за задолжително носење заштитна кацига и друга заштитна опрема при управување со моторите, моторциклите и четирициклите, апелираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука