Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

„Секоја капка е важна“: Крводарителска акција во Центарот за култура „Григор Прличев“

Охрид, 28. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Црвен крст Охрид продолжува со реализирање на програмата за крводарителски акции за оваа година.

Под мотото „Секоја капка е важна“, денеска ќе се одржи крводарителска акција во просториите на НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид.

– Ги покануваме сите граѓани да ја искажат својата хуманост на оваа крводарителска акција, да ја донираат својата скапоцена течност и да спасат нечиј живот, велат од охридскиот Црвен крст.

Крводарителската акција ќе се одржи во периодот од 10:00 до 14:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука