Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Црвен крст Охрид организира обука за спасители на отворени води

Охрид, 29. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на подготовките за претстојната летна сезона, Црвен крст Охрид организира обука за спасители на отворени води која ќе се реализира во периодот од 21-ви до 28-ми јуни 2024 година.

Обуката која ќе се изведува на Охридското езеро содржи теоретски и практичен дел, а ќе ја водат национални и меѓународни инструктори за безбедност на вода според стандардите на Меѓународната Федерација за безбедност на вода (ИЛСФ).

Заинтересираните кандидати треба да ги задоволуваат следните услови и барања:

– да се постари од 17 години (да достават соодветен доказ-лична карта, извод на родени)
– да знаат да пливаат и да имаат психо-физички предиспозиции за спорт
– да достават потврда за здравствена способностт за обавување спорт и спортски активности, не постара од 6 месеци, издадена од соодветен лекар/здравствена установа

Повикот трае до 19-ти јуни 2024 година, а кандидатите можат да се пријават во просториите на Црвен крст Охрид, на улица „Димитар Влахов“ бр. 52, Охрид, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот, на телефоните 046/261-909 и 070/315-309 или со пополнување на електронската пријава на линкот.

За сите кандидати кои успешно ќе ја завршат обуката и се стекнат со звање спасител на вода Црвен крст Охрид ќе обезбеди платен работен ангажман како спасител на вода на соодветни капалишта на Охридското Езеро. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука