Забава Избор

SUPER Fresh Music: Meduza feat OneRepublic – Fire

Охрид, 5. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Италијанското EDM трио Meduza, заедно со прославената поп група OneRepublic, го претставува ентузијастичкиот сингл „Fire“ – официјалната химна на годинешното Европско фудбалско првенство што ќе се одржи во Германија.

Им се придружи и младиот музичар Leony, со кого заеднички создадоа химна полна со енергија и оптимизам, додека текстот на песната се навраќа на моментите на среќа и љубов.

– Сега повеќе од кога било, ни е потребна музика за да нè врати заедно. Се надеваме дека нашата официјална химна на Европското првенство ќе ви ја разбуди страста за фудбалот и музиката и дека сите заедно ќе се собереме како тим, порачаа од Meduza.

Позитивната енергија креирана од оваа соработка на големи таленти од музичката индустрија несомнено ќе ги потсети слушателите и љубителите на фудбалот за важноста на хармонијата и љубовта.

Музика и фудбал, секако високо на листата на сите кои со отворено срце уживаат во животот.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука