Економија Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Охридски Bacchus Wine Bar & Apartments го прослави првиот роденден (Фото/Видео)

Охрид, 5. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во присуство на бројни пријатели, соработници и сите оние за кои пијалокот на боговите е првиот избор, Bacchus Wine Bar & Apartments синоќа го прослави првиот роденден.

Сите вљубеници во врвното вино во Охрид уживаа со вината на Venec winary и останатата богата понуда на вина, а за музиката се погрижија Горан Папаз и Dj Regie Rules.

Bacchus Wine Bar & Apartments веќе полна година успешно работи од центарот на градот, и нуди вистинско уживање за вашите сетила. На врвна локација и со амбиент за најголемите вински сладокусци.

Повеќе од 30 македонски винарии нудат 225 видови вино, уникатни ракии од кои повеќе од четвртина може да се пробаат само тука. Со силна поддршка за локалните производители на, која го надополнува виното за едно уникатно и незаборавно искуство.

Се наоѓа во самото срце на градот, на улица „Цар Самоил“ број 17, а располагаат и со современо уредени апартмани со прекрасен поглед кон езерото и стариот дел на градот. Можете да ги побарате на нивната официјална веб страна, како и на профилите на социјалните мрежи. Телефон за дополнителни информации 075/464-500. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Be1 Digital Marketing

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука