Забава Избор

SUPER Fresh Music: Sloe Jack – Blast Off

Охрид, 5. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Австралиската хип-хоп ѕвезда во подем, Sloe Jack го претстави енергичниот сингл „Blast Off“ кој носи вистинска рап енергија од старата школа.

Динамичната продукција и остриот вокал се придружени со звук кој е инспириран од научно-фантастични мотиви, додека текстот на песната ја истакнува самодовербата и волјата на уметникот да стане еден од највлијателните рапери на денешницата.

– За мене оваа песна е сосема ново ниво. Едвај чекав да ја споделам со луѓето и да го вратам стариот хип-хоп звук по кој копнеат слушателите, порача уметникот чие вистинско име е Jack Mark Garritty.

Светот го запозна во 2022 година со EP-то „BackStab“ и сингловите „Brain Rot“ и „2 Words“.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука