Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: Ако имате над 40 години, треба да јадете помалку од овие намирници, го успоруваат метаболизмот

Охрид, 9. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Метаболизмот е процес во кој калориите кои се внесуваат во организмот преку храната и пијалоците се претвораат во енергија која е неопходна за одржување на сите витални функции.

Како што старееме, веќе по навлегувањето во четириесеттите години од животот, метаболизмот има тенденција да се забавува, што го отежнува одржувањето на здрава телесна тежина и нивото на енергија.

Разбирањето која храна може да го забави метаболизмот е клучно за лицата над 40 години, бидејќи нивното избегнување може да помогне во одржување на подобро здравје и виталност. Група диететичари и нутриционисти открија неколку намирници кои можат да влијаат на метаболизмот по влегувањето во четириесеттите.

Крофни

Иако се многу вкусни, крофните можат да придонесат за забавување на метаболизмот доколку се консумираат прекумерно. Главните причини за тоа е високата содржина на шеќер, нездравите масти и рафинираното брашно. Диететичарот и нутриционист Sara Chatfield истакнува дека „метаболизмот се забавува со текот на времето, па конзумирањето на висококалорична храна лесно може да доведе до зголемување на телесната тежина. Крофните содржат заситени масти кои можат да доведат до воспаление и да го зголемат ризикот од срцеви заболувања“.

Јаткасти плодови

Јаткастите плодови се многу здрави, но можат да го забават метаболизмот доколку се консумираат прекумерно. Покрај тоа, поради високата содржина на здрави масти, протеини и растителни влакна, прекумерната потрошувачка може да ги попречи и напорите за слабеење. Ова се случува затоа што јаткастите плодови се богати со масти и калории.

– Јаткастите плодови како бадемите се богати со витамин Е, моќен антиоксиданс и масти здрави за срцето кои го намалуваат ризикот од срцеви заболувања. Сепак, само една шака може да содржи 150-200 калории, објаснува диететичарката Destini Moody. Таа додава дека бадемите се најдобриот избор за консумирање, но дека е потребно да се внимава да не се претера во количината.

Мафини

Многу од индустриските мафини се преполни со рафинирани шеќери, преработено брашно и нездрави масти, без оглед на нивната разновидност на вкусови. Без разлика дали се работи за оние со вкус на боровинки, чоколадо или банани, овие мафини обично содржат високо ниво на рафинирани јаглехидрати кои можат брзо да го подигнат нивото на шеќер во крвта и да придонесат за отпорност кон инсулин со текот на времето.

– Можете да ги наречете мафини, но за мене тоа се само колачи. Без разлика дали се од пекара или купени во некој од големите маркети. Традиционалните мафини се богати со калории и маснотии, што може да доведе до таложење на маснотии со текот на времето. Некои од нив содржат повеќе од 350 калории по парчен истакнува диететичарката Lisa Andrews која советува овие популарни десерти секогаш кога можете да ги подготвите дома.

Бел леб

Белиот леб, често направен од рафинирано брашно, може да се поврзе со забавениот метаболизам ако се консумира прекумерно. Ова може да придонесе за отпорност на инсулин со текот на времето, попречувајќи ја метаболичката ефикасност. Високиот гликемиски индекс на белиот леб може да предизвика скокови на инсулинот и да поттикне складирање на маснотии околу стомакот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука