Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Жител на струшко Радолишта со возилото удрил во постар пешак на улицата „Пабло Неруда“ и го напуштил местото на инцидентот

Струга, 2. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 1. јуни 2024 година, во 09:40 часот во ОВР Струга, било пријавено дека на улицата „Пабло Неруда“ во Струга, патничко возило марка „Опел“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 21-годишно лице од струшкото село Радолишта, удрило во 68-годишен пешак од струшкото село Долна Белица, по што го напуштило местото.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Струга, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука