Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Светски ден на велосипедите

Охрид, 3. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска се одбележува Светскиот ден на велосипедизмот, ден кога се одржуваат повеќе меѓународни и локални настани за поддршка на развојот на велосипедската култура во заедницата.

Генералното собрание на Обединетите нации во 2018 година го прогласи 3-ти јуни за Светски ден на велосипедите.

Во Република Македонија секојдневно се’ повеќе луѓе го користат велосипедот како превозно средство, мотивирани од здравиот начин на живот, но и се’ поскапите горива, но се’ уште сме далеку од тоа да станеме велосипедска нација и да го следиме примерот на некои од поразвиените земји, каде велосипедите се речиси секојдневие во начинот на живот и нивниот превоз. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука