Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Како би изгледале во целост некои од најпознатите светски градби со неверојатните инсталации и „воздушни скулптури“ со дронови (Фото/Видео)

Охрид, 3. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во светот има многу нецелосни објекти – некои се’ уште се градат, додека некои, за жал, ја загубија битката со времето. Сега, благодарение на неколку талентирани луѓе и нивната армија од дронови, некои од најпознатите од овие градби оживуваат во магични и неверојатни прикази.

Холандската компанија за уметнички инсталации Drift и фирмата за светлосно шоу за дронови Cyberdrone се здружија за да реконструираат некои од најпознатите градби на планетата – со помош на осветлување од дронови. Тие ги нарекуваат своите инсталации „воздушни скулптури“, кои се дизајнирани да ја ни ја претставаат во целост архитектонските проекти од минатото, кои често се во многу лоша состојба.

– Со голема умешност, а во исто време и едноставност, уметничките дела на Drift ги осветлуваат паралелите помеѓу вештачките и природните структури преку деконструктивни, интерактивни и иновативни процеси, велат од компанијата.

Според нивната Facebook страница, „Cyberdrone го надополнува изгубеното, комплетирајќи ги урнатините во футуристичка архитектонска облека. Тоа е реставрација на светлината од дрон што се случува, тула по тула, токму пред твоите очи“.

Погледнете дел од нивната магија:

извор: DRIFT/Cyberdrone фото: DRIFT/Cyberdrone

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука