Избор Македонија Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Во сабота ќе се одржи свеченост по повод канонизацијата на Светите Спасе и Спаса Вишенски

Струга/Охрид, 6. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со повеќе свечености, торжествено, викендов ќе се одбележи впишувањето во диптихот, односно канонизацијатана Светите Спасе и Спаса Вишенски.

Во сабота, 8-ми јуни, во храмот „Св.Атанасиј Велики“ во село Вишни од 16:00 часот ќе се служи Воскресна вечерна богослужба и измивање на моштите на Св. Спаса. Од 17:00 часот во катедралната црква „Св. Софија“ во Охрид ќе има Воскресна вечерна богослужба, а од 18:00 часот е пречекот на моштите на Св. Спаса и последен парастос.

Настаните во недела, 9-ти јуни, ќе бидат во катедралната црква „Св. Софија“ во Охрид. Во 07:30 часот ќе има Утрена воскресна богослужба.

Од 09:00 часот започнува Света архиерејска литургија и објавување на одлуката за канонизација на Св. Спасе и Св. Спаса Вишенски. Ќе присуствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан и останатите архиереи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука