Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: За здраво срце, престанете да ги правите овие пет работи

Охрид, 11. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Кардиоваскуларните болести се водечка причина за смртност во светот, покажуваат податоците на Светската здравствена организација.

Кардиологот Tara Narula тврди дека кардиоваскуларните болести убиваат повеќе жени отколку сите облици на рак заедно, но многу жени сè уште не се свесни дека овие болести се нивната најголема закана по здравјето.

– Речиси 45 отсто од жените на возраст над 20 години живеат со некоја форма на кардиоваскуларни болести. Особено за жените, одредени здравствени обрасци кои започнуваат уште во детството може да доведат или да резултираат со развој на одредени срцеви заболувања во иднина. На пример, добивањето на вашата прва менструација на десетгодишна возраст или порано го зголемува ризикот од проблеми со срцето, како што се прееклампсија и гестациски дијабетес, исто така може да бидат предупредувачки знаци, изјави таа за Today.

Narula истакнува дека грижата за здравјето на срцето е многу важна. Издвои пет работи кои се исклучително важни кога е во прашање здравјето на срцето. Иако таа конкретно ја истакна важноста на грижата за здравјето на срцето на жените, ги советува сите никогаш да не ги прават следните пет работи:

– Игнорирање на болка или непријатност,
– Верувањето дека сме имуни на срцеви заболувања,
– Занемарување на контролата на стресот или менталното здравје,
– Непознавање на семејната медицинска историја и
– Нередовен сон и прескокнување на редовното спиење. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука