Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: Бананите се овошје кое треба да го јадеме секој ден

Охрид, 16. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Бананите се едно од најпопуларните видови овошја во кое уживаат и возрасните и децата.

Имаат сладок вкус и може да се комбинираат во различни јадења, но можат да се јадат и посебно. Како храна, тие се чест избор на многу лица кои редовно вежбаат, а двајца експерти – диететичари откриваат што се случува со телото ако јадеме банани секој ден.

Ако секојдневно консумирате банани, со текот на времето ќе забележите некои од овие четири здравствени придобивки.

Ќе имате повеќе енергија

Диететичарот Supriya Lal истакнува дека бананите се одличен извор на различни минерали, влакна и витамини, но тие се познати и по содржината на калиум. Внесувањето на калиум преку исхраната е од суштинско значење за работата на мускулите и целокупната функција на телото. Оние кои се повеќе физички активните треба често да јадат банани, бидејќи калиумот во нив помага во обновувањето на мускулите и спречува грчеви. Лицата кои не консумираат доволно калиум имаат поголема веројатност да бидат уморни и да имаат грчеви во мускулите.

Ќе имате подобро варење

Калиумот не е единствената корисна хранлива материја по која се познати бананите. Тие содржат и значителна количина влакна.

– Бананите се моќен извор на растителни влакна, кои апсолутно можат да помогнат во дигестивниот процес, објаснува Lal.

Со неа се согласува и диететичарката Allison Thibault, која истакнува дека покрај влакна, бананите содржат и пребиотици кои позитивно делуваат на цревата.

– Пребиотиците го поддржуваат цревниот микробиом, кој е важен за нормалното функционирање на дигестивниот систем, истакнува Thibault.

Ако јадете по една банана секој ден, со текот на времето ќе ја намалите тежината

Ако се обидувате да изгубите тежина на здрав начин, вклучувањето на бананите во вашата исхрана е одлична опција.

– Бананите можат да го помогнат здравото слабеење кога се правилно комбинирани со протеини, влакна и здрави масти, вели Thibault.

Нема да се разболувате толку често

Со јадење банани секој ден, ја поддржувате работата на имунолошкиот систем. Ова е делумно затоа што бананите го подобруваат здравјето на цревата, поради хранливите материи во ова овошје.

– Бананите се одличен извор на хранливи материи како калиум, магнезиум, витамин Ц, бакар, витамини од групата Б и антиоксиданси. Сите овие хранливи материи го подобруваат имунолошкиот систем, така што вклучувањето банани во вашата исхрана е само уште еден мал начин да му помогнете на вашето тело да се заштити од штетни вируси и инфекции, истакнува Thibault. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука