Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

МЕД: По 15 години потврдено присуството на балкански рис на Илинска-Плакенска планина (Фото)

Охрид, 11. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од Македонското еколошко друштво (МЕД) информираат дека по полни 15 години, конечно успеале да го потврдат присуството на балкански рис на Илинска-Плакенска Планина.

– По 15 години работа на Илинска-Плакенска Планина, конечно успеавме да потврдиме балкански рис. Со ова се докажува значењето на овој биокоридор кој ги поврзува заштитените подрачја во Западна Македонија, информираат од Македонско еколошко друштво.

Додаваат дека сесијата на фото-замки е реализирана преку соработка со планинарското друштво „Бигла“ од Демир Хисар“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Македонско еколошко друштво

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука