Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Продолжува рочиштето од процесот за случајот Пендиков

Охрид, 12. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Основниот суд во Охрид денеска треба да продолжи процесот што се води по предметот во врска со нападот врз Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот културен клуб во Охрид.

Претходното рочиште беше одложено поради непојавувањето на двајца сведоци на Обвинителството, поради, како што беше кажано неодложно деловно патување. Судијата Бојан Мартиновски тогаш најави дека ќе побара нивно приведување и стражарно спроведување за денешното рочиште.

Инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19-ти јануари пред угостителски објект на Кејот на езерото во Охрид. Случајот предизвика тензии во односите меѓу Софија и Скопје. Пендиков беше префрлен на лекување во Бугарија, каде доби и бугарско државјанство кое му беше врачено од потпретседателката Илијана Јотова. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука