Забава Избор

Александар Тарабунов и Димитар Андоновски ја снимија „Ќе преживеам“

Охрид, 13. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – „Ќе преживеам“ е насловен првиот дует на Александар Тарабунов и Димитар Андоновски, брза песна која претендира да стане вистински летен хит.

Соработката е само круна на нивната долгогодишна соработка и пријателство и е остварување на нивните дамнешни планови, но и најава за она што ќе следува од нив во периодот кој доаѓа.

– Песната се создаде спонтано додека лежев на плажа. Добив идеја за еден дел, потоа седнавме со Диме и буквално во еден ден идејата се претвори во музика и текст, вели Тара.

Двајцата музичари најавија настапи ширум Македонија, на кои, како што велат, мора да се изборат за подобар статус на македонската музика.

– Мораме и да вложуваме и повеќе да ја цениме, затоа што тоа сме ние, додаваат Тара и Димитар. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука