Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Приведени четири лица по инцидент во угостителски објект

Охрид, 12. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Полициски службеници од СВР Охрид на 11-ти јуни 2024 година, околу 19:10 часот, лишија од слобода четири лица, од кои две од селото Лешани, Општина Дебрца и две од Охрид.

– Тие оштетиле дел од инвентарот во објектот лоциран на булевар „Железничка“, а при интервенција на полициски службеници го оштетиле и службеното полициско возило, информираат од СВР Охрид.

Лицата биле задржани во Полициска станица, по што за настанот бил запознаен Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука