Забава Избор

Дакапо бенд ја објавија новата песна „Казна“

Охрид, 15. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – „Казна“ е насловена новата песна на Дакапо бенд, која членовите на групата ја чекаа со нетпрение за да се финализира нивниот нов проект.

– Можам слободно да се пофалам дека ова е најдоброто од нас до сега, но секако не застануваме тука, веднаш почнуваме со спремање на нови проекти, вели фронтменот на групата, Васко Спасов за новата песна.

Комплетен композитор и текстописец на песната е Тодор Ушитков кој исто така е и член во бендот, а во тимот на Дакапо се Васко Спасов, Илија Мицев, Влатко Ѓорчев, Горан Костадинов, Тодор Ушитков и Никола Давчев. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука