Избор Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Охриѓани достојно го одбележуваат денот на светиот свештеномаченик Еразмо Охридски Чудотворец

Охрид, 15. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Со богослужби во манастирот посветен на овој наш голем светител, православните христијани од Охрид и околината, и годинава достојно го одбележуваат денот на светиот свештеномаченик Еразмо Охридски Чудотворец.

Споменот на светиот Еразмо Охридскиот Чудотворец, кој се покажа храбар страдалник и секогаш брз послушник во молитвите на оние кои со вера го повикуваат, и оваа година торжествено се прославува во манастирот „Св. Еразмо Охридски“ во Охрид, на местото каде тој уште многу одамна дојде да ја проповеда вистинската Светлина на луѓето од овие простори. Неговиот спомен, и по повеќе од 17 века не е заборавен и нема да се заборави, зашто Христос му сплете двоен венец на мачеништвото и страдањето.

Вчера се отслужи Празнична вечерна богослужба, а утрово со почеток во 07:45 часот ќе започне Утрената богослужба. Пречекот на Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј ќе биде во 09:00 часот. Светата архиерејска Литургија ќе започне во 09:15 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука