Избор Македонија ТОП ВЕСТИ Хроника

Двојно убиство во Кратово, жена со остар предмет ги усмртила сопругот и неговиот татко

Кратово, 14. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 13-ти јуни 2024 година, во 22:08 часот, полициски службеници од ОВР Кратово лишиле од слобода 36-годишна жена од Кратово.

– Таа се сомничи дека во семејната куќа во Кратово со остар предмет ги нападнала нејзиниот 38-годишен сопруг и неговиот 63-годишен татко, кои починале од здобиените повреди. По насоки на јавен обвинител телата на починатите биле предадени на обдукција. Жената била приведена и задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука