Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: Доколку сакате да ја подобрите концентрацијата, избегнувајте ги овие намирници

Охрид, 17. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Понекогаш се чини невозможно да се концентрираме доволно долго за да завршиме некоја работа. Седнуваме на нашиот компјутер со најдобри намери, за на крајот да се префрлиме помеѓу десет различни јазичиња бидејќи нашиот фокус е секаде, освен на задачата која сме ја започнале.

Анксиозноста, депресијата, недостатокот на сон и досадата можат да предизвикаат проблеми со концентрацијата, но улога може да има и исхраната. Кога станува збор за ова, диететичарот Yaa Boakye вели дека е важно да се запамети дека поединците имаат различни реакции на храната и може да се справат со различни здравствени проблеми.

Постојат некои намирници и пијалоци за кои научните истражувања покажуваат дека навистина можат да ја попречат нашата концентрација. Лекарите и диететичарите ги открија најголемите „виновници“.

1. Пецива и бел леб

Неврологот д-р Arif Dalvi вели дека едноставните јаглехидрати, како што се колачите и белиот леб, може да предизвикаат зголемување на шеќерот во крвта, што пак може да предизвика проблеми со концентрацијата. Boakye се согласува со оваа теза, објаснувајќи дека кога шеќерот во крвта е премногу висок или премногу низок, тоа може да предизвика проблеми со концентрацијата, а едноставните јаглени хидрати може тоа да го поттикнат.

2. Многу солена храна

Ако за ручек имаме инстант супа, помфрит, чипс или сендвич со месо, можно е да имаме проблеми со концентрацијата во текот на попладневните часови, вели Dalvi. Тој објаснува дека храната богата со сол може да предизвика дисбаланс на електролитите. Кога тоа ќе се случи, предизвикува реакција во мозокот што може да ја отежне краткорочната меморија и концентрацијата.

3. Газирани и слатки пијалоци

Пијалоците како газирани сокови може да предизвикаат брз пораст на шеќерот во крвта, по што следи и пад на шеќерот во крвта. Така, додека овие пијалоци првично го преплавуваат мозокот со гликоза, што теоретски би помогнало во концентрацијата, пад на шеќерот кој следува ја поништува оваа краткорочна корист и всушност ни го отежнува одржувањето на фокусирана концентрација, предупредува диететичарот Claire Rifkin.

4. Кафе

Кафето е уште еден пијалок по кој многу луѓе посегнуваат за да ја подобрат концентрацијата, но и Dalvi и Boakye велат дека ако се пие премногу, може да ја влоши концентрацијата.

– Ако пиете малку, тоа може да ве направи повнимателни, но ако продолжите да пиете се’ повеќе и повеќе, придобивките исчезнуваат. Премногу кофеин може да ве направи нервозни,, заклучи Dalvi. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука