Забава Избор

SUPER Fresh Music: Kaeto – Hero

Охрид, 18. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Младата поп уметница која добива се’ повеќе внимание во музичкиот свет, Kaeto го претстави дрим-поп-синглот „Hero“ кој носи микс на жанрови натопени во нежни вокали и силни емоции.

Шармантните текстови се придружени со спој на трип-хоп, електронска музика и синт-поп, како продолжение на серијата синглови со кои таа го дефинира својот автентичен музички правец.

– Го снимив и го создадов видеото за песната во друштво на моите долгогодишни соработници и најдобри пријатели и многу сум среќна што истиот тим стои зад овој проект, изјави Kaeto.

Како едно од најактуелните имиња на британската трип-хоп сцена, оваа музичарка од Лондон плени од 2022 година и синглот „ Good Morning“.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука