Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Кабли во Градскиот парк потенцијална опасност за шетачите и велосипедистите (Фото)

Охрид, 18. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Олабавени кабли во Градскиот парк, во непосредна близина на делот со реквизитите за деца, утрово претставува потенцијална опасност за шетачите и велосипедистите.

Истите се паднати на височина помалку од 2 метри и може лесно да се дофатат со рака, а претставуваат потенцијална опасност, особено за велосипедистите.

Апелираме во најкус можен рок да се санираат и затегнат, во насока да не дојде до несакани повреди. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука