Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Охрид денеска домаќин на четвртиот Меѓународен таеквондо ИТФ натпревар „Ohrid Open 2024“

Охрид, 22. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид, денеска ќе се одржи четвртото издание на Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Ohrid Open 2024“.

Организатор е Македонската традиционална таеквондо федерација и таеквондо клуботот „Хва Ранг ИТФ“ од селото Лескоец.

Настанот е поддржан од Општина Охрид и Агенцијата за млади и спорт, а оваа година учеството на „Ohrid Open 2024“ веќе го најавија повеќе земји и натпреварувачи од претходните години, со што натпреварот прераснува во еден од поквалитетните во регионот (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука