Избор Македонија Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Календар на МПЦ-ОА: Преподобен Висарион

Охрид, 19. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Преподобен Висарион.

Роден и воспитан во Египет. Рано се предаде на духовен живот и не ја извалка духовната одежда во којашто се облече со Светото Крштение. Го посети свети Герасим на Јордан и го чу свети Исидор Пелусиот. Го победуваше своето тело со голем пост, со бденија, но колку што можеше го криеше својот подвиг од луѓето. Еднаш четириесет дена стоеше на молитва, не јадејќи и не спиејќи.

Имаше голем дар на чудотворство. Постојано место на пребивање немаше, туку до длабока старост живееше по шумите и долините. Исцелуваше болни и вршеше многубројни чуда заради полза на луѓето, а во слава на Бога.

Се упокои мирно во 466 година.

Тропар

На твоето име, Господи, на Твоето име воздај Му слава – повикуваше о ти, Висарионе отче наш преподобен. Бог преку тебе чудата на Мојсеја, Илија, Елисеја и Исуса Навина ги повтори, со твоето смирение на небесните сили се вподоби, раце и поглед кон небото подигна, молејќи се за спасение на родот човечки. Со молитвени солзи во рацете Божји се предаде, во неискажлива радост премина, моли Го сега Спасителот на сите, да ги помилува душите наши. (Крај)

извор: mpc.org.mk фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука