Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР: Во Охрид денес сончево и многу топло време со мала облачност и температура до 34. степени

Охрид, 20. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

UV индексот ќе биде 9, а максималната температура ќе се искачи до 34. степени.

– Деновиве нашето подрачје ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ што ќе предизвика времето да биде претежно сончево и натпросечно топло. Утринската температура наместа нема да се спушта под 20 степени, а максималната дневна насекаде ќе биде над 30, а наместа и 40 степени. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен северен ветер, а во недела попладне ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука