Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Охриѓанец вршел ископ на карпа на државно земјиште и ја нарушил стабилноста на столбови за пренос на електрична енергија

Охрид, 20. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 69-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.

– Пријавениот, од мај 2024, во својство на инвеститор на катастарска парцела во сопственост на државата, извршил ископ на карпа – природна реткост, со што ја нарушил стабилноста на столбови за пренос на електрична енергија и поставил бетонска плоча со која узурпирал државно земјиште, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука