Здравје Избор

Здравје: За време на топлотен бран, високите температури во домот исто така може да бидат фатални

Охрид, 27. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – За време на топлотните бранови кои периодов го погодија регионот, најголем дел од вниманието на јавноста е насочено кон високите надворешни температури кои можат да предизвикаат сериозни здравствени компликации.

Но, за многу луѓе, особено за оние без климатизација, внатрешните температури исто така можат да бидат опасни, вели Leah Schinasi, професорка по медицина на трудот и животната средина на Универзитетот Drexel во Филаделфија.

– Забележано е дека многу ранливи групи, вклучително и многу стари и млади лица, го поминуваат поголемиот дел од своето време во затворени простории, но можеби нема да можат соодветно да ги разладат своите домови за време на топлотниот бран. Всушност може да биде потопло внатре отколку надвор. Многу луѓе со пониски примања немаат пристап до системите за климатизација, па дури и да имаат, многу од нив не можат да си ги дозволат трошоците за енергија, вели Schinasi.

Таа вели во овој случај да се спуштат ролетните и да се носи лесна облека. Ова може да доведе до опасно високи внатрешни температури кои можат значително да влијаат на здравјето. Прегревањето на затворените простори, меѓу другото, може да доведе до проблеми со срцето и дишните патишта, поголем ризик од згрутчување на крвта и нарушувања на бубрезите.

– Важно е да се нагласи дека топлината е опасна по здравјето на луѓето, вели Schinasi.

Опасностите од високите температури во затворен простор не се доволно истражени, додаде таа, велејќи дека одговорните мора да ги земат предвид потребите на луѓето кои не можат да се засолнат во климатизиран простор за време на топлотен бран.

– За време на топлотните бранови, луѓето можат да ги спуштат ролетните за да блокираат дел од топлината, да пијат многу вода, да носат лесна облека и да се тушираат за да се разладат, потенцира Schinasi. (Крај)

извор: index.hr фото: index.hr

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука