Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Охридскиот базен се полни со вода, младите пливачи од 1. јули започнуваат со „Летната пливачка школа“

Охрид, 25. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Драги пливачи, пливачки, рекреативци, подготовките околу Градскиот пливачки базен завршија и коритото се полни со вода, информираат од Пливачкиот клуб „Акваспирит“ од Охрид.

– Се надеваме на поволни временски услови и истиот да биде со соодветна температура, за од почетокот на јули да стартува „Летната пливачка школа“. Потсетување дека уписите се’ уште траат, а информации можете да добиете на телефонските броеви 078/355-291 и 077/703-686, информираат од „Акваспирит“.

Додаваат дека часовите ќе се реализираат секој работен ден од понеделник до петок и предпладне и попладне. Термините ќе бидат дополнително дефинирани во зависност од бројот на пријавени деца. Цената за цело лето, од почеток на јули до крај на август изнесува 3.000 денари. Доколку во школата членуваат две или повеќе деца од исто семејство следува попуст. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука