Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Викендов во Охрид се одржа Меѓународниот Таеквон-до ИТФ натпревар „Охрид Опен 2024“

Охрид, 26. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација и Таеквон-до клубот „Хва Ранг  ИТФ“ од Лескоец, викендов во СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид се одржа Меѓународниот Таеквон-до ИТФ натпревар „Охрид Опен 2024“.

Учествуваа над 300 натпреварувачи од 31 клуб од 10 земји од регионот: Романија, Молдавија, Словенија, Хрватска, Бих, Србија, Бугарија, Грција, Албанија и домаќинот, Република Македонија.

На натпреварот најмногу трофеи освои домаќинот, Таеквон-до клубот „Хва Ранг ИТФ“ од Лескоец, чии членови се закитија со два пехари за најдобри поединци, 5 златни, 11 сребрени и 7 бронзени медали. За најдобри клубови на натпреварот беа избрани „Фолкан“ од Благоевград, Бугарија, „Тајгер тим“ од Перник, Бугарија и „Василена“ од Перник, Бугарија.

– „Охрид опен“ е ставен на рејтинг листата на ИТФ, каде што се собираат критериуми за европски и светски првенства, со што придонесе за поголема масовност на натпреварот, каде Бугарската ИТФ федерација учествуваше со над 180 членови. Имавме чест да учествуваат репрезентациите на неколку држави, со што беше подигнат и квалитетот на натпреварот на повисоко ниво во однос на минатата година, изјави Марјанчо Лазаревски, претседател на Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација, кој се заблагодари до генералниот спонзор „ПН Метал“, Општина Охрид и до Агенцијата за млади спорт.

Освоени медали:

– Христијана Парулеска, 2 место форми црн појас 1 дан јуниорки 14-15 години и 1 место борби јуниорки 14-15 години до 55 кг
– Климент Богоески, 2 место форми плав појас јуниори 14-15 години
– Анастасија Чулческа, 1 место форми зелен појас јуниорки 14-15 години и 1 место борби јуниорки 14-15 години до 65 кг и пехар за најдобра јуниорка 14-15 години
– Меланија Јанеска, 3 место форми жолт појас деца 8-9 години
– Михаил Јоноски, 1 место форми плав појас јуниори 16-17 години и 2 место борби јуниори 16-17 години до 69 кг и пехар за најдобар јуниор 16-17 годни
– Адријана Китаноска, 3 место форми жолт појас деца 8-9 години
– Даријан Китаноски, 3 место форми зелен појас кадети 12-13 години
– Бојана Китановска, 2 место борби деца 8-9 години до 35 кг
– Мартин Плевнароски, 3 место форми жолт појас кадети 12-13 години и 3 место борби деца 8-9 години до 60 кг
– Давид Ристески, 3 место борби кадети 12-13 години до 50 кг
– Христина Шибаковска, 2 место форми жолт појас јунироки 14-15 години и 2 место борби јунорки 14-15 години 65+ кг
– Христијан Шибаковски, 2 место форми жолт појас кадети 10-11 години
– Миа Танеска, 1 место форми зелен појас кадети 10-11 години
– Тамара Тодороска, 2 место форми жолт појас кадети 12-13 години и 3 место борби кадети 12-13 години до 50 кг
– Теодора Тодороска, 2 место форми зелен појас јуниорки 14-15 години и 2 место борби јуниорки 14-15 години до 65 кг
– Михаил Трајкоски, 2 место форми жолт појас јуниори 14-15 години
– Анастасија Трифуноска, 1 место форми жолт појас кадети 12-13 години и 2 место борби кадети 12-13 години до 55 кг. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука