Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: Трчање, возење велосипед – тренери ги открија најдобрите физички активности за слабеење

Охрид, 17. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – За оние кои сакаат да ослабат или да ја задржат постоечката фигура, има многу опции кои треба да ги пробаат. Покрај приспособената и урамнотежена исхрана и вежбање, можете да ги вклучите и овие активности во вашата рутина кои ќе ви помогнат да ги постигнете вашите цели за подобро здравје и изглед на вашето тело.

Група тренери посочева неколку од најдобрите опции што можете да ги правите внатре или на отворено, и секој ќе најде барем една активност која му одговара.

Прескокнување јаже

Според личниот тренер Nicole Murray, прескокнувањето јаже е вежба за целото тело која согорува многу калории.

– Кога ќе бидете притиснати со време, 15 минути прескокнување јаже ќе ви помогнат. За успешни резултати најдобро би било да се прават десет серии од сто скокови, но почетниците треба постепено да ја зголемуваат вежбата за да избегнат повреди и воспаление на мускулите, вели Murray.

Џогирање

Трчањето е одлична активност бидејќи помага во грижата за физичкото и менталното здравје.

– Трчањето е одлично затоа што можете да го правите секаде и без посебна опрема. Сè што ви треба е еден пар патики, истакнува личниот тренер Ashley Edwards.

Со оваа активност ги активирате глутусите и нозете, кои се поголеми мускулни групи, предизвикувајќи да се трошат повеќе калории за време на вежбањето. Edwards забележува дека покрај губењето килограми, трчањето е добро за срцето и помага во зголемување на издржливоста.

Качување по скали

Друга опција што ја препорачуваат тренерите е качување по скали. Можеби звучи чудно, но оваа активност може да биде вистински предизвик. Личниот тренер Harley Pasternak објаснува дека во секој град што го посетува наоѓа скали и ги користи како место за вежбање со низок, до умерен интензитет.

– Ми се допаѓа затоа што е релативно лесна активност за зглобовите, а ги користите квадрицепсите и глутелите додека се качувате по скалите, истакнува тој. Ако немате вакви скали во близина, можете постојано да се качувате и спуштате по оние што се во ваша близина или да користите соодветен уред во теретана.

Вежба планинари (Mountain Climbers)

Вежбата планинари е одлична затоа што го активираме целото тело, од кардиоваскуларна и мускулна перспектива.

– Вежбата е одлична за губење маснотии и ја зголемува стабилноста и силата. Обидете се да правите 20 од нив на ден, пет дена во неделата за да изгубите на тежина со текна времето, вели Edwards.

Тренинг со висок интензитет (HIIT)

HIIT тренинзите или тренинзите со висок интензитет се одлични за слабеење бидејќи можете да согорите многу калории за кратко време. Фитнес тренерот Jill Anzalone објаснува дека „HIIT е супер ефикасен бидејќи произведува EPOC, прекумерна потрошувачка на кислород после вежбање. Ова значи дека продолжувате да согорувате калории дури и по завршувањето на вежбањето“.

Одење

Одењето можеби не изгледа како активност што можете да ја користите за да изгубите многу килограми, но постојаноста може да донесе видливи резултати. Pasternak истакнува дека „одење е една од најдобрите форми на физичка активност за губење на тежината. Повеќето од калориите што ги согорувате при одење доаѓаат од масти, а не од јаглехидрати. Одењето има многу ниско ниво на напор, така што луѓето имаат поголема веројатност да го практицираат почесто и подолго време.“

Возење велосипед

Велосипедизмот спаѓа во категоријата кардио тренинг со висок интензитет, тврди личниот тренер Lindsey Lauten.

– Возењето со повисок интензитет ќе согори повеќе калории отколку возењето со помал интензитет. Размислете за ниво на напор на скала од 1 до 10. Кога возите велосипед, треба да се чувствувате како да работите на седмо ниво, каде што дишете длабоко, но не и да останете целосно без здив, тврди таа. (Крај)

извор: index.hr фото: index.hr

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука