Свет

Лавров: Руските војници им помагаат на Сиријците против тероризмот

Дамаск, 10. септември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Руски војници во Сирија има и нивното присуство е поврзано со испораките на оружје за сириската армија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, цитиран од РИА Новости.

– Руски војници во Сирија има, тие се таму долги години. Нивното присуство е поврзано со испораките на оружје за сириската армија, која го носи на свој грб товарот од борбата против тероризмот во лицето на “Исламска држава” и други слични екстремистички групи. Руските војници се наоѓаат таму за да им помагаат на Сиријците да ја совладаат оваа техника и да ја подготват за употреба во борбата против тероризмот, објасни Лавров. (Крај)

извор: РИА Новости фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука