Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР: Во Охрид денес променливо облачно време со услови за локален дожд и температура до 28. степени

Охрид, 2. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време, во раните утрински часови со услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер од западен правец.

UV индексот ќе биде 7, а максималната температура ќе се искачи до 28. степени.

– Во текот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер (над 70 км/час) и град. Во среда и во четврток времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Потоа се очекува стабилно и потопло време, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука