Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Полицијата пронајде марихуана кај две лица од Скопје во камп приколка во Охрид

Охрид, 6. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 6-ти јули 2024 година, во 02:35 часот во СВР Охрид лишени се од слобода две лица од Скопје на возраст од 25 и 22 години.

– При преглед кај нив била пронајдена марихуана, а при претрес извршен по добиена судска наредба во камп приколка во Охрид, што ја користело едното лице, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, грендер и други предмети со остатоци од марихуана. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука