Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Синоќа нов земјотрес во регионот на Охрид со магнитуда од ML3.2 по Рихтер

Охрид, 8. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, синоќа, 7-ми јули 2024 година, во 22:52 часот, регистрираше земјотрес чиj епицентар припаѓа на епицентралното подрачје Охрид, 120 километри југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.2.

– Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во градот Охрид и околината, со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, како и во пограничните делови со територијата на Република Албанија, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука