Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Едукативна работилница во Црвен крст Охрид посветена на Никола Тесла

Охрид, 8. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – По повод 168 годишнината од раѓањето на големиот визионер и научник, Никола Тесла, Црвен крст Охрид во партнерство и соработка со организацијата Canadians For Children At Health Risk, од Торонто, Канада организира инспиративна, едукативна, онлајн работилница.

Темата се младите и науката, а е насловена „Никола Тесла: Неговиот живот, пронајдоци и наследство“.

– Домаќини ќе бидат младите волонтери од Клубот на млади на Црвен крст Охрид, а добредојдени се сите оние кои сакаат да дознаат нови, интересни детали од животот и работата на Никола Тесла. Работилницата на англиски/српски јазик, ќе ја води пензионираниот универзитетски професор д-р. Мајда Ѓорѓевиќ, од Образовната Корпорција „Никола Тесла“, Хамилтон Онтарио, Канада. Работилницата онлајн ќе ја следат и млади од организации на Црвен крст од регионот, со кој соработува Црвен крст Охрид, информираат од охридската организација.

Работилницата ќе се одржи во среда со почеток во 20:30 часот во просториите на Црвен крст Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука