Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Кај „Бафало Бич“ се преврте кајак со две малолетни лица во Охридското Езеро

Охрид, 8. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 8-ми јули 2024 година, во 09:30 часот во Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ пријавено е дека во водите на Охридското Езеро, на плажата „Бафало бич“, се превртел кајак, сопственост на кајак клуб од Охрид во кој имало две малолетни лица.

– По добиената пријава, полициски службеници од Езерската полиција со пловен објект се упатија на посоченото место и во водите на езерото, на околу 100 метри од плажата, забележани се двете малолетни лица кои на себе имаа појаси за спасување. Тие со полицискиот чамец се префрлени во Полициската станица, каде им е укажана прва помош, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука