Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР: Во Охрид денес сончево и топло време со умерена облачност и температура до 33. степени

Охрид, 10. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со услови за мала до умерена локална облачност. Попладне во западните делови ќе има појава на локален пороен дожд проследен со грмежи и со услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

UV индексот ќе биде 9, а максималната температура ќе се искачи до 33. степени.

– Продолжува периодот на многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигнува 40°C. Во попладневните часови претежно во планинските подрачја ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, особено денеска и во четврток кога ќе има услови за краткотрајно невреме, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука