Избор Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Во понеделник ќе се одржи Света Архиерејска литургија во храмот „Пресвета Богородица Заумска“ во Заум

Охрид, 12. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Македонската православна црква-Охридска архиепископија, односно Дебарско-кичевската епархија Охрид, ги известува православните верници дека во понеделнник, на 15-ти јули 2024 година, ќе има Света Архиерејска литургија во манастирскиот храм „Пресвета Богородица Заумска“ во Заум кај Трпејца, по повод празникот „Полагање на риза на Пресвета Богородица во Влахерна.

– Во 07:30 часот ќе се одржи утрена богослужба, а во 08:45 часот Света Архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски, Плаошко-струшки и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, информираат од канцеларијата на Дебарско-кичевската епархија Охрид.

Додаваат дека е организиран превоз од селото Трпејца, од местото викано „Надол“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука