Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Незаборавен ден за едрење во Охридското Езеро: Денеска ќе се одржи Јахтинг Регата 2024

Охрид, 14. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Јахтинг Клуб ОЛС, а како дел од Купот за едрење на Охридско Езеро за годинава, денеска ќе се одржи Јахтинг Регата 2024.

Организаторите ветуваат уште еден незаборавен ден на едрење и натпреварување на прекрасното Охридско Езеро. Регатата е отворена за сите едрилици од класите Микротонец до 23ft, Минитонец над 23ft и „One design“. Право на учество имаат сите верифицирани едриличари при своите национални федерации, како и останати едриличари.

– Регатната рута ќе започне над хотелот „Палас“, со прва точка за свртување над Канео, втора точка кај втората челична бова над „Горица 3“ и цел на стартната линија над хотелот „Палас“. Првопласираните три учесници ќе добијат дипломи. Ги очекуваме сите љубители на едрењето и адреналинот да ни се придружат и да го направиме овој настан незаборавен, порачуваат од Јахтинг клуб ОЛС Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука