Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Успешно 4. издание на Охрид Кампот за високотехнолошка извонредност

Охрид, 15. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Успешно заврши четвртото издание на Охрид кампот за високотехнолошка извонредност, кој се одржа од 7-ми до 13-ти јули 2024 година во Охрид.

– Кампот за високо-технолошка извонредност беше еднонеделна програма за унапредување на вештини по роботика, програмирање и кодирање, кој е комбинација на традиционална летна забава со можност за учење, заедничко вежбање и споделување на искуства за кодирање и роботика. Преку посветеност и натпревар на идеи, фокус на решавање проблеми, чувство на акција, размислување out-of-the-box и соработка (работа во парови/групи), ги охрабрувавме и поттикнувавме учесниците да постигнат мотивирачки резултати и да креираат модели согласно шеми. Учесниците беа изложени на напредни технологии и современи методи, кои ги подготвуваа за идните предизвици во високотехнолошкиот свет, да го подобрат на дигиталното владеење на преку унапредување на нивните вештини за кодирање, програмирање и роботика (вештини за висока технологија) и во крајна линија да придонесеме кон поттикнување на нивниот интерес за продлабочување на СТЕМ образованието и развој на кариера во оваа област. Од друга страна, специфичноста на овој проект е дадената можност да се запознаат и соберат млади луѓе од 11-15 години со македонско потекло и млади од нашата земја, да воспостават долготрајни пријателства и да ја зајакнат и да ја градат својата родна македонска култура, но и чувството за одговорност и враќањето кон заедница. Преку подобрување на нивното познавање на јазикот, истражување на природата и културното наследство и доживување на македонската кујна и специјалитети, учесниците добија уникатно искуство кое ќе го паметат целиот живот. Особено бевме среќни што изминативе години успеавме да имаме учесници од САД, Канада, Словенија, Хрватска, Германија, Катар, Австрија, Данска, Кипар и други земји. Оваа година, бевме домаќини на 21 дете од Македонија и од дијаспората, вклучувајќи учесници од САД, Катар, Италија, Хрватска, Шведска и Малта, информираат организаторите.

Kампот, како и изминатите три години, е под покровителство на Претседателот на државата.

– Оваа година имавме задоволство по прв пат да бидеме домаќини на Претседателката Силјановска Давкова и да и ги претставиме изработените модили. При посетата таа на нашите учесници им порача дека со стекнатите искуства и знаења, тие се најмладите амбасадори и промотори на Македонија и им посака секогаш да размислуваат позитивно, да продолжат да се надградуваат и да се изградат во лидери со самодоверба, но и самокритичност, кои ќе создаваат подобра иднина со употреба на технологијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука