Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Ново невреме, стари проблеми со водоводната и канализациона мрежа во стариот дел на градот (Фото/Видео)

Охрид, 18. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Невремето кое го погоди поширокиот регион на Охрид денеска, повторно ги врати старите проблеми со водоводната и канализациона мрежа во стариот дел на градот.

Читатели на OhridPress испратија до нашата редакција видео од кое се гледа дека станува збор за сериозен проблем со кој се соочуваат жителите на овој дел на градот при секои поголеми врнежи.

– Мора да се реши овој проблем. На средина на сезона сме, туристи од целиот свет се тука. МОра да најдеме заедно некое решение, велат во дописот до нашата редакција со кој испратија и кратко видео и фотографии.

 

Невреме Охрид, стар дел, 18.07.2024 година

Posted by Охрид Прес on Thursday, July 18, 2024

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука