Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Пожарите во Македонија во моментов на мапата на NASA FIRMS, еден и во околината на Охрид

Скопје/Охрид, 21. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Системот за информации за пожари и управување со ресурсите (Fire Information for Resource Management System – FIRMS) редовно ги објавува најновите податоци за пожарите ширум светот, скоро во реално време (NRT).

Екипата на OhridPress ја објавува најновата мапа на овој систем за пожарите во Република Македонија во моментов. Еден од нив, според истиот извор е во пошироката околина на Охрид.

Информациите се обезбедени преку системите за фотографирање (MODIS) на сателитите Aqua и Terra. На глобално ниво, овие податоци се достапни во рок од 3 часа по сателитското набљудување, но за САД и Канада, активните податоци се достапни во реално време.

NASA FIRMS користи сателитски набљудувања од системите MODIS и VIIRS за откривање активни пожари и термички аномалии ширум светот и ги доставува овие информации до носителите на одлуки. FIRMS првично беше развиен од Универзитетот во Мериленд.

За само 12 дена во Македонија имало 173 поголеми пожари на отворено » Телевизија MNet HD

Според последните информации од Центарот за управување со кризи, од 30 пожари вчера, денеска е4 активни уште 9. Под контрола се 6, а 15 се целосно изгаснати. Согласно проценетите ризици и опасности, приоритет за гаснење денеска се пожарите во Општина Чашка, каде што ќе бидат ангажирани хеликоптери на МВР и АРМ, во Општина Македонски Брод, каде што ќе биде ангажиран хеликоптер на АРМ, во Општина Кавадарци, каде што ќе се вклучат два Ер Трактори на ДЗС и во Општина Градско, каде што ќе бидат ангажирани 30 припадници на специјалната единица Тигар. Останати активни пожари на отворено се во Општина Чашка, во селата Јаболчиште, Дреново врв Лисец, во Општина Долнени, село Небрегово, во Општина Пробиштип, место викано Балабаница, село Зелен Град, во Општина Македонски Брод, село Брзеница (ново жариште), како и во Општина Чашка, место викано Мукус, префрлен од Прилеп. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: FIRMS

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука