Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР: Во Охрид денес сончево и топло време со умерена облачност и температура до 33. степени

Охрид, 23. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

UV индексот ќе биде 8, а максималната температура ќе се искачи до 33. степени.

– Утре ќе преовладува променливо облачно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Дневната температура ќе биде во опаѓање, особено во четврток и петок кога ќе дува засилен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука