Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Прекин во водоснабдувањето на улица „Гоце Делчев“

Охрид, 23. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 11:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Гоце Делчев“. 

– Без вода ќе бидат жителите на потегот од пресекот со улицата „Македонски Просветители“ до Здружение на возачи, вклучувајќи ги и сите споредни улици од населбите, Кошишта, Воска и Далјан, информираат од охридски „Водовод“.

Нивни екипи се на терен и работат на санација на дефектот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука