Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР: Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 31. степени

Охрид, 24. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди, попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд.

UV индексот ќе биде 7, а максималната температура ќе се искачи до 31. степени.

– Нестабилност со послаб интензитет ќе има претежно во четврток до средината на денот. Потоа ќе започне период на стабилно време. Најпрвин дневната температура преодно ќе опадне и најсвежо ќе биде во четврток и петок кога ќе дува засилен северен ветер, а потоа температурата ќе биде во постепен пораст, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука